Микел Артета пред неколку месеци одлучи целосно да го отпише Месут Озил.
Германскиот фудбалер веќе со месеци не одиграл ниту минута во дресот на Арсенал и неодамна јавно зборуваше дека не му е јасно поради што Артета се откажал од него.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Озил тренира со првиот тим и очигледно на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот ќе побара нов клуб.
Сега Арсенал уште еднаш само му покажа колку не смета на него. Иако не беше пријавен за оваа сезона тие ги повикаа да биде дел од фотографијата на која играчите на лондонскиот клуб учествуваат во кампања за социјална дистанца.
Озил на фотографијата се наоѓа во последните редови, а многу добро може да се забележи како се распоредени фудбалерите со оглед на тоа дека во првите редови играчите од кои најмногу се очекува.