Дома Фудбал Англија Арсенал трпи загуби, Артета призна: Ситуацијата е тешка

Арсенал трпи загуби, Артета призна: Ситуацијата е тешка

Арсенал нема добри резултати на терените во последно време, но и надвор од нив. Клубот од „Емирати“објавија финансиски загуби за минатата сезона.

Во соопштението на официјалната веб-страница на клубот се открива дека за финансиската 2019 година, Арсенал претрпел загуби од 27,1 милиони фунти, што е најмногу во последната деценија.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Дека ситуацијата е тешка призна и менаџерот, Микел Артета кој тврди дека најголем проблем е неиграњето во Лигата на шампиони.

„Штетата е направена поради тоа што клубот трета година по ред не е во ЛШ. Финансиски влијанието е огромно затоа што структурата на овој клуб е изградена да биде во Лигата на шампионите и тоа може да го издржите една или две години, но потоа станува тешко и треба да се донесат одлуки“.

„Значи ќе мора да донесеме одлуки на еден или друг начин во зависност од сценариото во кое ќе бидеме, без разлика дали сме во ЛШ или ЛЕ.. Имаме јасен план за тоа што сакаме да го направиме и во зависност од тоа каде сме, ќе треба така да се однесуваме“, истакна Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвезда на Манчестер сити не би се се двоумела да потпише за Реал Мадрид

Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити би сакал да се приклучи на Реал Мадрид, според…