Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс побарал од раководството на клубот да биде продаден во следниот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалецот падна во втор план кај Диего Симеоне откако пристигна Гризман, па неговата минутажа значително ќе се намали оваа сезона.
Феликс побарал од раководството да биде продаден, а најсилен интерес за него покажува Арсенал.
„Јорганџиите“ за неговиот трансфер бараат 80 милиони евра, а „топџиите“ наводно се спремни да ја платат таа сума.
Арсенал на лето сака да донесе најмалку еден врвен напаѓач бидејќи остана без Обамејанг, а сигурно заминува и Лаказет.
Артета верува дека Феликс би бил идеално решение и сака да го искористи неговото незадоволство во Атлетико.