Дома Топ вести Арсенал спреми богата понуда за ѕвездата на Атлетико

Арсенал спреми богата понуда за ѕвездата на Атлетико

И покрај фактот што се уште не е јасно кога ќе се отвори трансфер прозорецот ова лето, многу од големите клубови сепак почнаа да работат на трансфери.

Арсенал е првиот клуб од Премиер лигата кој веќе презеде конкретни чекори за голем трансфер. Според информациите од Островот, „топџиите“ веќе спремиле понуда од 44 милиони фунти за играчот на Атлетико Мадрид, Томас Парти.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Играчот за врска има откупна клаузула во договорот од 44 милиони фунти, па Арсенал е спремен да ја плати бидејќи Африканецот е голема желба на Микел Артета.

Парти игра одлично во дресот на Атлетико и го привлече вниманието на многу европски гиганти, па интерес за него покажуваат уште Интер, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Сепак, Атлетико нема така лесно да се откаже од Парти бидејќи е важен дел од тимот, па сака да му понуди нов договор со многу повисока клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…