Како што пренесуваат бразилските медиуми, фудбалскиот клуб Арсенал би можел да му помогне на фудбалскиот клуб Атлетико Минеира.
Имено, споменатиот клуб од „земјата на самбата, кафето и фудбалот“ е во финансиски проблеми, а би можеле да ги решат со продажбата на еде од своите фудбалери. Така во приказната се најде Арсенал, кој е заинтересиран за десниот бек на Атлетико Минеира, Емерсон.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Овој 19-годишен фудбалер професионалната кариера ја започна во Понте Прети, за во април тековната година да се пресели во Бело Хоризонте. Голем број на клубови го следат неговиот развој, освен Арсенал интерес покажаа и Челзи, Бенфика и ПСЖ, но изгледа дека „Топчиите“ се подготвени први да реагираат, свесни се за ситуацијата во бразилскиот клуб.
Арсенал би можел да го добие Емерсон за околу 10 милиони евра, од таа сума 60% би им припаднало на Атлетико.