Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти.
Скаутите на Милан, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид и Манчестер Сити го следат веќе подолго време, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Арсенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
22-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него.
„Топџиите“ наводно веќе започнале преговори со неговиот агент бидејќи во Нуњес гледа идеален наследник на Обамејанг.
Арсенал на лето ќе остане и без Лаказет, па приоритет на Артета ќе биде доведување на врвен напаѓач, а Нуњес е првиот избор.
🚨 Arsenal are targeting a move for Benfica striker Darwin Núñez, and have already held talks with his agent.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 24, 2022
(Source: Express) pic.twitter.com/IoreYh7loy