Кристиано Роналдо долго време ја држеше титулата најмлад дебитант во историјата на португалскиот гигант Спортинг, но на почетокот на овој месец неговиот рекорд го сруши Жолесон Фернандеш.
Фернандеш заигра за првиот тим на Спортинг со 17 години, четири месеци и три дена.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Младиот крилен напаѓач и понатаму официјално е член на тимот на Спортинг до 23 годино, меѓутоа и покрај тоа за него се интересираат поголемите европски клубови.
Како најсериозен клуб кој сака да го види овој фудбалер во своите редови изгледа Арсенал.
Португалските медиуми пишуваат дека Арсенал е спремен за неговите услуги да плати 45 милиони евра и се очекува таква понуда многу брзо да пристигне во Лисабон.