Не се откажува Арсенал и се обидува да го доведе фудбалерот на Вест Хем, Даклан Рајс, а ако трансферот се реализра за последната, четврта понуда, Рајс би станал најскапиот фудбалер во Премиер лигата.
Според последните информации на островските медиуми Арсенал испратил понуда вредна 105 милиони фунти или 125 милиони евра и со то би се надминал рекордот на Џек Грилиш.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Арсенал и Сити во изминатите денови водат битка за потписот на Рајс, но засега „чеканите“ ги одбиваат понудите. Спека, во клубот се свесни дека нема да го задржат затоа што идното лето му завршува договорот.
Во редовите на Вест Хем, Рајс дојде како дете од Челзи и во клубот е веќе десет години. Се обидува лондонскиот клуб да извлече колку што е можно повеќе пари, меѓутоа и ризикува двата клуба да се откажат, па во јануари да го добијат за многу помала сума или пак наредното лето целосно бесплатно.