Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал и Тотенхем се силно заинтересирани за дефанзивецот на Гетафе, Џене Дакоман.
Тогоанецот има 28 години, во Гетафе пристигна во 2017 година за 2,5 милиони евра од Сент Труден, а сега би можел кариерата да ја продолжи во Англија.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Арсенал го следи веќе подолго време и е заинтересиран за неговиот потпис, а сега во трката за потписот се вклучи и градскиот ривал Тотенхем.
Мурињо има проблеми со одбраната, во првиот тим го промовираше младиот Танганга, па сака да донесе искусен стопер. Гетафе е спремен да го продаде дефанзивецот за 25 милиони евра, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.