Премиер лигата го обвини Манчестер Сити за кршење на бројни финансиски правила.




Обвиненијата се однесуваат на финансиските информации во врска со приходите, деталите за плаќањето на менаџерите и играчите, кршење на прописите на УЕФА и соработка во истрагата.




ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Челниците на Премиер лигата документацијата за сите наводни прекршоци кои датираат уште од сезоната 2009/2010 ги проследиле до независна комисија која ќе го истражи целиот случај. Истрагата во Премиер лигата траеше цели четири години.




Но, казната како да не е единствен проблем за Сити во овој момент, а од сето ова најголем добитник би можел да биде Арсенал.



