Арсенал оваа сезона игра под своите очекувања и моментално се наоѓа на 6-то место на табелата во Премиер лигата.
Поради тоа тренерот Унаи Емери сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а основна цел ќе биде засиливање на одбраната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека главна мета на „топџиите“ во зимскиот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Виљареал, Пау Гомез.
22-годишниот Гомез веќе подолго време е следен од скаутите на Арсенал, кои дале позитивни забелешки и сметаат дека ќе биде засилување за иднината на тимот.
Дефанзивецот во својот договор со Виљареал има откупна клаузула од 43 милиони фунти, но Арсенал не е спремен да плати толкава сума за неговиот потпис.
„Топџиите“ наскоро ќе започнат преговори со Виљареал и ќе испратат првична понуда од 30 милиони евра, бидејќи сакаат што побрзо да го комплетираат трансферот.
Гомез веќе дебитираше за шпанската репрезентација, а интерес за него покажува и Барселона.