Во терминот од 19 часот, во рамки на Лига Европа се одиграа четири натпревари.
Имено, Арсенал славеше кај Милан со 0:2, предност која ја понесе со себе уште од првото полувреме. Првиот погодок на мечот го постигна Михтаријан во 15. минута, а Ремзи го зголеми водството за „Топчиите“ во судиското продолжение од првиот дел, што беше и конечен резултат на мечот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико Мадрид на домашен терен славеше против Локомотив Москва со 3:0 очекувано. Нигез го отвори резултатот со погодок во 22. минута. Во второто полувреме Коста зголеми на 2:0 во 47. минута, а последниот погодок на мечот беше дело на Коке во 90. минута, на асистенција на Хуанфран.
Борусија Дортмунд загуби пак од Салзбург изненадувачки на домашен терен со 1:2. Првото полувреме заврши без погодоци, а првите два погодоци ги постигна Бериша за гостите во само шест минути, односно 49. и 56. минута. Шурле пак ја намали негативата во 62. минута, но „Милионерите“ не успеаа да дојдат до израмнување, па и пресврт.
Во последниот меч, Лион славеше на гости кај ЦСКА со минимални 0:1, а единствениот погодок на мечот го постигна Марсело во 68. минута од мечот.
https://www.youtube.com/watch?v=7YfIu_vteDw