Дома Фудбал Англија Арсенал во пол позиција за Вилијан!

Арсенал во пол позиција за Вилијан!

Играчот на Челси, Вилијан наскоро ќе стане слободен играч. Лондонскиот тим му понуди нов договор, но тој го одби и се чини дека се ближи крајот на седумгодишната авантура на Стемфорд Бриџ.

Вилијан беше јасен во своите барања, а јасен беше и Челси во своите ставови.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Бразилецот сакаше подолг договор, но максимално што Челси можеше да му понуди е двегодишен договор. Едноставно, Сините не сакаат на играчи кои за неколку дена ќе наполнат 32 години да им даде долготраен договор.

Меѓутоа, има клубови кои тоа ќе го направат.

Вилијан во минатото се поврзуваше со Барселона, а неодамна имаше интерес од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Но, сега на сцена е Арсенал.

Франс Фудбал пишува дека Арсенал е во пол позиција за потписот на Вилијан бидејќи веќе му испратил најприфатлива понуда.

Освен што Арсенал е подготвен да му даде долгорочен договор, подготвен е и да му даде опција за продолжување на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Куртоа го „пецна“ Анчелоти: Четири години не се менуваат за четири дена

Тибо Куртоа по заминувањето на Карло Анчелоти во јавноста испрати индиректни критики за ит…