Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Арнаутовиќ се извини на македонски и албански: Не сум расист📷

Арнаутовиќ се извини на македонски и албански: Не сум расист📷

Напаѓачот на Австрија, Марко Арнаутовиќ вчера беше во центарот на вниманието по навредите упатени кон Алиоски на мечот против Македонија.

Арнаутовиќ го постигна третиот гол за Австрија, а потоа влезе во вербален конфликт со Алиоски. Медиумите открија дека имало навреди на националистичка основа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Многумина го обвинија Арнаутовиќ и за расизам. Тој денеска се извини за неговиот гест и ги отфрли таквите обвиненија.

„Вчера имаше некои жестоки зборови кажани во емоции на натпреварот за кои би сакал да се извинам, посебно на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал да кажам една работа јасно: Не сум расист! Имам пријатели од речиси секоја земја и се залагам за различности. Секој кој ме знае е свесен за тоа. Извинете“, напиша Арнаутовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…