Дома Трансфер зона Арда Туран има нов клуб

Арда Туран има нов клуб

Турскиот фудбалер Арда Туран минатиот месец стана слободен играч откако му истече договорот со Барселона.

Туран претходните години скори и да не играше фудбал, а во јануари Башакшехир ја прекина неговата позајмица. Иако се врати во Барселона тренираше сам и чекаше да истече неговиот договор.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Многумина велеа дека овој 33-годишен играч ќе ја заврши кариерата бидејќи не може да најде нов клуб и тогаш дојде до пресврт кој ни самиот Арда не го очекувал.

Имено, неговиот омилен тим Галатасарај одлучи да му даде нова шанса, па денеска е официјално претставен како ново засилување.

Арда за Галата играше пет години пред летото 2011. година да премине во Атлетико Мадрид за 13 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шеф на Баерн потврди дека се воделе преговори за Антони

Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Кристоф Фројнд одговори на изјавата на напаѓачот на …