Лионел Меси во вчерашниот натпревар на Копа Америка против Венецуела кој Аргентина го доби со 2:0 беше исклучително мотивиран, а тоа го покажа пред самиот почеток на натпреварот.
Пет години откако на легендарната „Маракана“ во Бразил го изгуби финалето на Светското првенство после што следуваше голем пад во играта на репрезентацијата Меси се врати на стадионот во Рио Де Женеиро во четвртфиналето од Копа Америка против Венецуела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред натпреварот навивачите на Аргентина Меси ги воодушеви со тоа што од цел глас ја пееше националната химна при интонирањето. Вообичаено Меси во тој дел е резервиран во покажувањето емоции и мирно го чека крајот, но сега беше поинаку.
„Не паметиме кога последен пат го направил тоа, Лео секоја чест“, коментираа навивачите на Аргентина на друштвените мрежи.
Ahí tienen. No jodan más. pic.twitter.com/2GRga8gX7o
— Daniel Retamozo (@DanielRetamozo) June 28, 2019