Милан покажува сериозен интерес за ѕвездата на Расинг, Матијас Зарачо, пренесуваат италијанските медиуми.
21-годишниот офанзивен играч за врска го привлече вниманието на многу европски гиганти, но „росонерите“ покажуваат најсилен интерес во моментов.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Зарачо во договорот со Расинг има откупна клаузула од 25 милиони евра, но Милан во овој момент е спремен да понуди 15 милиони евра плус бонуси.
Тој е младински репрезентативец на Аргентина, а веќе дебитираше и за сениорската репрезентација на „гаучосите“. За Расинг до сега има одиграно повеќе од 70 натпревари и важи за еден од најголемите таленти во Аргентина.