Дома Топ вести Аргентина ја освои Копа Америка! Финалето поради инциденти доцнеше час и половина

Аргентина ја освои Копа Америка! Финалето поради инциденти доцнеше час и половина

Репрезентативците на Аргентина станаа шампиони на Копа Америка, откако во финалето утринава ја совладаа селекцијата на Колумбија со 1:0.

Херој на „гаучосите“ беше Лаутаро Мартинез во 112. минута кој постигна шампионски гол.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На тој начин Аргентина ја одбрани титулата и го освои својот трет трофеј во низа, откако претходно беа шампиони во светот во 2022 година.

Аргентина е втората репрезентација во историјата која врзала три последователни победи на големите турнири и им се придружи на Шпанија, која слично нешто оствари од 2008 до 2012 година.

Финалето ќе остане обележано со огромниот хаос пред почетокот, кој го одложи мечот речиси час и половина. Имено, голем број навивачи успеаја да влезат на стадионот Хард Рок во Мајами иако немаа билети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што ќе се случи со Исак? Ливерпул подготвува понуда, но Њукасл не попушта

Шведскиот напаѓач Александар Исак би можел да стане најголемата приказна во последните ден…