Дома Фудбал Останато Аргентина без Меси на пријателските натпревари

Аргентина без Меси на пријателските натпревари

Капитенот на Аргентина, Лео Меси ќе ги пропушти двата пријателски натпревари што ќе ги одигра светскиот шампион против Ел Салвадор и Костарика.

Меси го повреди мускулот на ногата на осминафиналниот дуел во Конкакаф купот против Нешвил на кој постигна гол за Интер Мајами, а запиша и асистенција, пред да биде повлечен од теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино, рече дека целта на Меси и на клубот е аргентинскиот фудбалер да биде подготвен за првиот натпревар од четвртфиналето во Купот Конкакаф во кој американскиот клуб на домашен терен ќе игра против мексикански Монтереј на 4 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џон Џонс откри дека има болест поради која можеби повеќе никогаш нема да се бори

Еден од најголемите борци во историјата на мешани боречки вештини, Jon Џонс (38), откри де…