Дома Топ вести Арапскиот Милан прави „бум“ на трансфер пазарот со 300 милиони

Арапскиот Милан прави „бум“ на трансфер пазарот со 300 милиони

Фондот Инвесткорп од Бахреин е во напредни преговори за купување на италијанскиот гигант Милан, а „Газета дело Спорт“ пренесува дека продажбата ќе биде комплетирана до крајот на сезоната.

Арапите со сите сили сакаат да го задржат Малдини на директорската позиција. Легендата на Милан со ограничени средства создаде тим кој се бори за титулата и сигурно ќе добие понуда за останување, задно со неговиот тим.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Парите не се проблем, државата Бахреин стои зад фондот, а „Газета дело спорт“ веќе пишува дека ова лето лесно ќе бидат инвестирани околу 300 милиони евра во засилувања.

Новите сопственици ќе дадат зелено светло на преговорите кои веќе се во тек со Свен Ботман и Ренато Санчез од Лил, како и Марко Асенсио од Реал Мадрид.

Притоа сакаат да донесат неколку големи имиња на „Сан Сиро“, а медиумите тврдат дека главни трансфер цели ќе бидат Нкунку од Лајпциг и Чуамени од Монако, за кои интересот е огромен од сите европски гиганти.

На листата се уште напаѓачот на Ајакс, Себастијан Але и ѕвездата на Рома, Николо Заниоло, а се споменува и доаѓање на Дибала кој преферира да потпише за Милан отколку во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…