На Островот додека трае пандемијата на големо се најавува влегување на Арапи во нов клуб од Премиер лигата.
Сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли од поодамна бара адекватна понуда да го продаде клубот, а сега се пишува дека влегол во посериозни преговори со принцот Мохамед Бин Салман. Овој принц претходно е поврзуваше со Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бин Салман не само што планира да го купи Њукасл, туку има и намера да создаде респектабилен состав.
Се најавува дека на клупата ќе пристигне Масимилијано Алегри кој после отказот во Јувентус се уште е без работа. Покрај тоа се шпекулира и за зучно име на теренот. Според информациите на на медиумите главна мета на Бин Салман ќе биде Мауро Икарди.
Ќе потсетиме, вчера „Газета дело Спорт“ објави дека Мауро Икарди и Ванда Нара ја соопштиле својата одлука на луѓето во ПСЖ дека не сакаат да останат во Париз.