Низ спортските медиуми почнаа да кружат информации дека Џошуа Кимих и Квинсли Коман не се задоволни со минутажата во Баерн Минхен, па многу клубови сакаат да го искористат тоа, но Карло Анчелоти беше јасен кога е нивната иднина во прашање.
После почетокот на сезоната кога беше еден од најдобрите играчи кај германскиот шампион, младиот Џошуа Кимих го загуби местото во стартниот тим.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Слична е ситуацијата со Квинсли Коман на кого на крајот на сезоната му истекува позајмицата од Јувентус, па имаше гласини дека Баварците нема да го откупат.
„Не постои никаква можност Кимих да го напушти клубот“, јасен беше Анчелоти.
„Што се однесува до Коман, тој сигурно останува. Многу ни е важен за во иднина“, заклучи италијанскиот стратег.
Ancelotti insists Kimmich and Coman will not leave Bayern https://t.co/0RjIsI3qlf pic.twitter.com/r0R3LlC5yD
— Goal Ireland (@GoalComIreland) March 31, 2017