Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти изјави дека очекува од Хамес Родригез да ја има клучната улога во составот на германскиот шампион.Баварците ќе се обидат да ја продолжат хегемонијата во Бундеслигата и да стигнат до финалето во Лигата на Шампионите.
„Хамес поседува фантастични квалитети и дури може да го подобри нивото на игра. Тој има многу добар пас, особено последниот кон напаѓачите“, изјави Анчелоти кој ја негираше можноста Артуро Видал да ја напушти „Алијанц Арена“.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Баерн е еден од најдобрите тимови и затоа го избрав токму него. Задоволен сум што тренерот целосно ми се доверува“, изјави 26-годишниот колумбиски репрезентативец.
Потсетуваме, Хамес Родригез две години ќе мине во Баерн како позајмен играч од Реал Мадрид.