Дома Фудбал Германија Анчелоти: Се уште сме живи и не се предаваме!

Анчелоти: Се уште сме живи и не се предаваме!

Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти го го признава поразот, но вели дека има уште 90 минути за игра во Мадрид, а ниту тој, ниту Баерн Минхен, не се предаваат по само една загубена битка.

Се чинеше дека Карло Анчелоти го има рецептот како да го надигра неговиот ученик Зинедин Зидан, но промашениот пенал, исклучувањето и Роналдо ги пореметија плановите на Баварците.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Малите детали го решија победникот, промашениот пенал, црвениот картон. Но, тоа е фудбалот и такви работи се случуваат. Одигравме одлично прво полувреме, имавме шанса да поведеме со 2-0, но секому му се случува да промаши пенал, Видал не е ни прв, ниту последен. Малите детали денес не беа на наша страна“, истакна Анчелоти.

„Ќе биде потешко во Мадрид, ама имаме шанси, ние се уште сме живи. Мора да ги искористиме нашите шанси, мора да го дадеме најдоброто од нас. Ниту јас, ниту Баерн Минхен, не се предаваме по само еден пораз“, заклучи италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Судијата побара ВАР – ВАР не постоеше: Скандалот кој го промени исходот на натпреварот

Натпреварот кој заврши со победа на ДР Конго со резултат 1:0 остана во сенката на невероја…