Дома Фудбал Италија Анчелоти после шокантниот пораз: Овој резултат не е праведен!

Анчелоти после шокантниот пораз: Овој резултат не е праведен!

Наполи синоќа доживеа шокантен пораз од Каљари на својот „Сан Паоло“ во петтото коло од Серија А.

Ова е веќе втор пораз за тимот на Анчелоти после пет одиграни кола, но италиајнскиот стратег тврди дека поразот бил неправеден.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


„Ако го исклучиме резултатот, мојот тим играше добро, погодивме две стативи, создававме шанси. Каљари добро го затвори просторот, се бранеше одлично. Не може целиот меч да се стави под знак прашалник поради еден случаен гол“, изјави Анчелоти.

„Парадоксално беше тоа што Кулибали доби црвен картон за нешто што му кажа на судијата, парадоксално беше тоа што ние имавме серија од жолти картони. Тимот кој играше цврсто и кој правеше прекршоци беше Каљари. Наполи играше многу добро, можевме и подобро, но тоа е фудбал“, додаде искусниот стартег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рајс до селекторот на Словачка: Замолчи ку*во една!

Aнглиската репрезентација се пласираше во четврфиналето на Европското првенство откако во …