Дома Фудбал Анчелоти откри дали повредата на Бензема е тешка

Анчелоти откри дали повредата на Бензема е тешка

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти се надева дека Карим Бензема не заработил сериозна повреда на натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Селтик.

Реал одлично ја отвори новата сезона во ЛШ со триумф против Селтик, но остана без својот најдобар стрелец, Карим Бензема, кој заработи повреда.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, Анчелоти ги смири навивачите и изјави дека најверојатни повредата на Французинот не е сериозна.

„Првата проценка е дека не станува збор за сериозна повреда. Се уште не знаеме дали повреден е мускулот или коленото.  Тој ќе направи тестови по враќањето во Мадрид, а потоа се ќе биде појасно“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит снимка: Патници во авион ја добија веста дека Босна ќе игра на Мундијал (Видео)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во вторникот успеа да се квалификува за …