Селекторското место на Италија и понатаму е главна тема во оваа држава…
Иако Карло Анчелоти беше најавуван како главен кандидат да го наследи Џампиеро Вентура, изгледа дека тој ќе ја одбие понудата од „аѕурите“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно Анчелоти не се гледа себе си во таа улога, смета дека на фудбалот му се потребни реформи и не сака да влезе во системот со кој раководи претседателот Тавекио. Поранешниот тренер на Милан одби да ја води селекцијата на Саудиска Арабија на Мундијалот, а нема да ја превземе ниту Хрватска, ќе чека до почетокот на новата сезона.
Овие информации доаѓаат од агентот Бранчини кој има големо влијание и важи за добро известен агент, токму тој ги доведе Анчелоти и Гвардиола во Баерн.
Италија сега мора да бара ново решение, Конте не сака повторно на клупата, Мачини порача дека е среќен во Зенит.
Вистинското изненадување доаѓа од страна на Макс Алегри, тренерот на Јувентус. Тој ќе отстапи од асоцијацијата на тренери која го поддржа останувањето на претседателот на сојузот. Имено, тој смета дека првиот човек на тренерската асоцијација Ренцо Уливери ги посрамотил сите тренери со својата поддршка за првиот човек на италијанскиот фудбал.
Јувентус е клубот кој е најголем противник на сојузот на Италија и Тавекио, тие од самиот почеток беа против, но ова е личен чин на Алегри. По стапките на Алегри наскоро се очекуваат да тргнат и уште неколку тренери од Серија А.
Со други зборови, како што наведува „Кориере Дело Спорт“ тие се срамат од ова што се случува и апсолутно сметаат дека сите треба да поднесат оставки после неуспехот на Италија.