Дома Фудбал Анчелоти: Ова е најдобриот тим кој сум го тренирал

Анчелоти: Ова е најдобриот тим кој сум го тренирал

Тренерот на актуелниот европски и шпански шампион Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во суперлативи зборуваше за своите фудбалери, кои се уште немаат пораз во новата сезона во сите натпреварувања.

Реал Мадрид синоќа славеше против Севиља со 3-1 и така остана на шест бодови предност пред Барселона.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Ова е екипа која е задоволство да ја тренирате, бидејќи сите ги почитуваат одлуките кои ги носам и не предизвикуваат воопшто проблеми. Ова е еден од најдобрите тимови, ако не и најдобриот кој сум ја предводел во кариерата, изјави Анчелоти.

„Замените ни донесоа многу добри работи. Мораме да го преживееме овој дел од сезоната до Светското првенство, а тоа значи ќе страдаме за да победуваме“, додаде Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал на Островот: Фудбалер уапсен поради силување!

Поранешен фудбалер од Премиер лигата и репрезентативец бил уапсен вчера на Островот по сом…