Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти беше „изненаден“ од фактот дека Виктор Касаи ќе го суди утрешниот натпревар против Ливерпул.
Италијанецот жестоко го критикуваше Унгарецот, откако беше Баерн Минхен елиминиран од Лигата на Шампионите во 2017. година. Иако тврдеше дека Касаи „не беше на задача“ во тој натпревар, унгарскиот судија ќе ја превземе задачата утре да ја дели правдата.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Судијата ме потсетува на лоши успомени во врска со мојот последен тим. Изненаден сум од таа одлука. Време е да се излечат старите рани, но премалку време помина.“, изјави Анечелоти на конференцијата за новинарите пред натпреварот.
„Ливерпул има многу опасен наапд, посебно на клупата. Ако сакаме да победиме, мораме да напаѓаме преку контранапади. Тие се еден од најдобрите тимови во светот, минатата година постигнаа успех играјќи во финалето од Лигата на Шампионите, а и оваа година добро ја започнаа. Одлично се организирани“, додаде Анчелоти.