Дома Фудбал Анчелоти: Не сакам да го обвинувам Модриќ за поразот, но…

Анчелоти: Не сакам да го обвинувам Модриќ за поразот, но…

Реал Мадрид загуби од Атлетико со 3:1 во градското и дерби од шестото коло на Ла Лига. Така Реал го уништи перфектниот влез во шампионатот и го загуби првото место.

Лука Модриќ (39) само вторпат оваа сезона во Примера беше стартер и според пишувањата на шпанските медиуми, тој беше еден од најлошите играчи во мадридското дерби.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Карло Анчелоти го замени веќе на полувремето, набргу откако Модриќ доби жолт картон поради неговиот приговор.

„Почнав со Модриќ затоа што Чоамени е уморен“
На прес-конференцијата по поразот главна тема беше Модриќ. Новинарите беа изненадени што хрватскиот ветеран играше од почеток. Анчелоти тоа го објасни вака:

„Почнав со Модриќ затоа што сакав да ја имам топката што е можно повеќе, а сакав и да го одморам Чуамени, кој игра многу во последно време“.

На прашањето како реткото вклучување на Модриќ во стартната постава влијаело на тактичката постава, тренерот на Реал одговорил: „Во дијамантот или системот 4-1-2-1-2, Модриќ беше десетка, играч од средниот ред зад напаѓачот, а дуетот пред голот беа Белингем и Родриго“.

Новинарите ги интересираше зошто толку брзо го смени Модриќ. Анчелоти рече: „Затоа што Атлетико беше подобар од нас. Тие рано постигнаа два гола, подобро се бранеа и имаа брза транзиција. Не сакам да го вперувам прстот кон никого и да му го направам тоа на Модриќ би било премногу, но тој одигра лошо, како и неговите соиграчи. Затоа на полувремето наместо Модриќ го воведов напаѓачот Хоселу за да бидеме поопасни“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maкедонија утре во Кардиф ја чекаат полни трибини!

Македонската фудбалска репрезентација утревечер од 20:45 часот ќе го одигра последниот нат…