Италијанскиот стратег Карло Анчелоти неодамна го напушти Наполи и одлучи да седне на клупата на Евертон.
Анчелоти после хаосот во Наполи доби отказ, но само неколку дена подоцна доби нов ангажман. Евертон му понуди враќање во Премиер лигата и тоа не можеше да го одбие.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После доаѓањето на Анчелоти екипата на Евертон запиша две победи и навивачите конечно се задоволни од настапите на својот тим. Во Евертон најавуваат големи работи за јануари и доведување на неколку ѕвезди.
Англиските медиуми утрово објавија дека прва желба на Анчелоти е играчот на Реал Марид Хамес Родргез. Колумбиецот не се наигра премногу во редовите на „кралевите“ и во Евертон ќе се обидат да го доведат во своите редови.
Хамес започна само четири натпревари во Ла Лига оваа сезона и од порано е познато дека не е во добар однос со Зидан. Анчелоти порачал на управата да влезат во преговори.
Евертон е спремен да понуди околу 45 милиони евра што е добра сума ако се земе во предвид дека Колумбиецот не е во плановите на Зидан.