Дома Фудбал Анчелоти најави, но Модриќ се уште не е спремен: Не помогнала ниту „чудесната“ Маријана

Анчелоти најави, но Модриќ се уште не е спремен: Не помогнала ниту „чудесната“ Маријана

Лука Модриќ некако успеа да се врати на тренинзите по повредата на мускулните препони. Само  десет дена од оваа повреда тој тренираше со екипата пред финалето во Купот против Осасуна кое е на програмата за два дена, а за пет дена „кралевите“ ги очекува полуфиналето ов ЛШ против Манчестер Сити.

Поради оваа повреда Модриќ ги пропушти претходните два натпревари против Алмерија и Реал Сосиедад, а прогнозите говореа дека сигурно нема да биде спремен за три недели и дека нема шанси да се врати за финалето на Купот, додека полуфиналниот натпревар би можел да го игра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По поразот од Реал Сосиедад пред два дена Анчелоти изненади со изјавата за состојбата со Модриќ.

„Добро е и веќе тренира. Нема да ризикуваме, но многу добро се опоравува и би можел да игра со Осасуна“, изјави италијанскиот стратег.

Модриќ се лекуваше во Белград кај познатата докторка Маријана Ковачиќ коа работеше со бројни познати фудбалски имиња.

Меѓутоа денес „Марка“ пренесува дека ниту „чудесната“ Маријана не успеала да го спреми Модриќ.

„Модриќ има се помалку шанси да игра во финалето на Купот. Едвај учествуваше во тренингот по поразот од Сосиедад. Финалето се игра за само два дена, настапот на Модриќ е под голем знак прашалник. Тешко дека Модриќ ќе може да игра така важен натпревар за само неколку ако на последните тренинзи едвај се движеше“, пишува „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…