Дома Трансфер зона Анчелоти му зададе „домашна“ на Румениге: Ги сака овие тројца фудбалери!

Анчелоти му зададе „домашна“ на Румениге: Ги сака овие тројца фудбалери!

Баерн Минхен игра одлично и оваа сезона, но Карло Анчелоти веќе прави список за летни трансфери и сака да го засили тимот со тројца фудбалери.

Медиумите тврдат дека Анчелоти „фрлил око“ на двајца фудбалери од Серија А, односно едни од најдобрите поединци на Наполи и Торино оваа сезона.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Прва мета е напаѓачот на „биковите“ и италијански репрезентативец Андреа Белоти. 23-годишниот напаѓач е вистинско откритие оваа сезона во Серија А, а Анчелоти за него изјави дека е „новиот Шевченко“.

Белоти е на радарот на многу европски клубови, а неодамна го продолжи договорот во кој има откупна клаузула од 100 милиони евра. Сепак, се претпоставува дека Баварците за сума од 45 милиони евра ќе можат да го обезбедат неговиот потпис.

Втората цел е полскиот репрезентативец, Пјотр Зиелински кој минатото лето се пресели во Наполи за сума од 16 милиони евра. 21-годишниот играч за врска важи за еден од најталентираните во Европа и веќе го импресионираше Анчелоти, па искусниот стратег смета дека би бил идеална замена за Чаби Алонсо.

Третиот фудбалер кого го следат скаутите на Баерн е германскиот репрезентативец Серж Гнабри кој оваа сезона блеска во дресот на Вердер.

Гнабри како 16-годишно момче се пресели во Арсенал, но не добиваше голема минутажа на Островот па минатото лето се врати во Бундес лугата.

Крилниот фудбалер веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Германија и постигна хет-трик против Сан Марино, а Баерн сака да продолжи со својата политика да го купува најдоброто од германската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорт во јануари го засилува Реал

Реал Мадрид во зимскиот преоден рок сака да ја засили одбраната и сигурно ќе доведе еден д…