Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти: Мојот тим кој најдобро играше во финалињата од ЛШ беше поразен

Анчелоти: Мојот тим кој најдобро играше во финалињата од ЛШ беше поразен

Во тек се последните подготовки во екипите за вечерашното финале во Лигата на шампионите, а Карло Анчелоти истакна дека неговиот тим е блиску до голем успех. Ако има уште нешто за подготовка.

„Пласманот во финалето сам по себе е голем успех. Имаме добра сезона зад нас, а победа во финалето би значело голем успех“, изјави стратегот на Реал на прес-конференцијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атмосферата, вели Анчелоти, е мирна.

„Постарите играчи им помагаат на помладите. Атмосферата е одлична. Момците се возбудени и полни со самодоверба. Во финалето се може да се случи и мора да бидеме подготвени на се. Секогаш има работи што не можете да ги контролирате. Имавме доволно време да се подготвиме и со нетрпение го очекуваме овој натпревар во добра форма“, вели Анчелоти.

„Ова е мое петто финале во Лигата на шампионите. Знам дека звучи чудно, но мислам дека мојот тим кој одигра најдобро во финалињата изгуби. Мислам на натпреварот кога го водев Милан од клупата, а Ливерпул не победи на пенали“, смета стратегот на „кралевите“.

Битката за тронот на Европа стартува вечерва во терминот од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…