Дома Трансфер зона Анчелоти купува дефанзивец во јануари

Анчелоти купува дефанзивец во јануари

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака во зимскиот преоден рок да ја засили одбраната.

Дефанзивната линија е најслабата точка на „кралевите“ од почетокот на сезоната, па Анчелоти сака да донесе квалитетен стопер.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека прв на листата жеби е дефанзивецот на Виљареал и шпански репрезентативец, Пау Торес.

Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти.

Раководството на „кралевите“ веќе стапило во контакт со агентот на дефанзивецот и спрема понуда од 50 милиони евра за неговиот потпис.

Како алтернатива се споменува дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, кој прифатил да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…