Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти откри што му рекол неговиот колега од Ливерпул, Јирген Клоп во однос на мечот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.
Како што е познато мечот се одигра на „Енфилд“ со публика и тоа во екипот на пандемијата со коронавирус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Клоп ми кажа дека да се игра во такви услови било кримално дело и верувам дека има право. Денес е приоритет здравјето на луѓето и како да се ограничи заразата, се друго е во втор план. Не се грижам за тоа кога ќе продолжи сезоната и дали ќе продолжи. Во моментов најмалку мислам на фудбал“.
„Наскоро се ќе се промени, па и фудбалот. Најмногу економијата во целиотс вет. Телевизиските права ќе бидат поефтини, спонзорските договори исто така, па играчите и тренерите ќе заменаат помали плати. Повторувам, најважно сега е да ја победиме битката со вирусот, се друго е во втор план“, истакна Анчелоти.