Последните најави од Островот и Шпанија се дека Манчестер Јунајтед го завршил трансферот на Бразилецот Касемиро за 70 милиони евра, а сега се тврди дека стратегот на Реал Мадрид Карло Анчелоти е загрижен поради ваквата ситуација.




До крајот на преодниот рок нема уште многу време и Италијанецот е загрижен затоа што смета дека во овој момент во својот тим нема адекватна замена за Касемиро.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
За Анчелоти Касемиро е клучен играч во средниот ред и играч каков него тешко може да се најде.




„Анчелоти смета дека Касемиро е незамнелив за овој краток период до крајот на преодниот рок“, објави новинарот Еду Агире.




Доведе Реал млади играчи како Чуамени и Камвинга и на нив потроши 150 милиони евра, меѓутоа се уште тие не се играчи кои можат во целост да ја преземат задачата која ја извршуваше Касемиро во тимот.