Реал Мадрид вчера го победи Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски со 2:1, а по натпреварот тренерот Карло Анчелоти го потврди првото засилување за „кралевите“ во наредната сезона.
Во прашање е соиграчот на македонскиот голман Столе Димитриевски, Фран Гарсија. Гарсија е поранешен младински репрезентативец кој сезонава е незаменлив во редовите на Рајо и одигра 37 натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
23-годишникот е продукт на младинската школа на Реал и играше за „Б“ тимот на Реал Мадрид. Дресот на Рајо го носи од 2020 година кога прво замина на позајмица, а потоа клубот за два милиони евра го откупи неговиот договор.
„Фран Гарсија е лев бек кој носи многу енергија во себе. Брз е кога ја има топката во свој посед и одличен во нападот. Одговара на стилот на игра на Реал и во следната сезона ќе биде со нас“, изјави Анчелоти потврдувајќи го првиот летен трансфер на шпанскиот гигант.