Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти е среќен што ќе игра против својот поранешен тим, Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампиони.
Италијанецот вели дека враќањето на „Сантиаго Бернабеу“ ќе биде емоциоанлно за него, но тврди дека нема да биде предност за Баварците фактот што тој добро ги познава „кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го познавам Реал Мадрид многу добро и знам дека ќе биде многу тешко. За мене престојат два емоционални натпревари. Нема тајни меѓу нас, ние сакаме да ја освоиме Лигата на шампиони, а исто и тие. Ќе биде многу тешко, но имаме шанси“, истакна Анчелоти.
„Реал е многу тежок противник. За мене ќе биде специјално тоа што се враќам во Мадрид, но не мислам дека е предност тоа што добро го познавам Реал. Јас добро ги познавам сите тимови во Европа. Противникот располага со страшен тим и има фантастичен тренер“, заклучи Карло.