Дома Топ вести Анчелоти во Баерн ја најде замената за Азар

Анчелоти во Баерн ја најде замената за Азар

Се поизвесно е дека Еден Азар ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, а Анчелоти веќе ја избрал неговата замена.

Германски „Билд“ тврди дека Квинсли Коман нема намера да го продолжи договорот со Баерн Минхен и на крајот на сезоната најверојатно ќе биде продаден.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Договорот на Коман истекува 2023 година, па се поизвесно е дека на лето ќе биде продаден, бидејќи влегува во последната година од договорот.

Французинот преку својот агент Пини Захави му се понидил на Реал Мадрид, а Анчелоти сака да го доведе независно од доаѓањето на Килијан Мбапе.

Се очекува на крајот на сезоната Азар и Бејл да го напуштат „кралскиот“ клуб, па Реал сака покрај Мбапе да донесе уште еден врвен фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…