Дома Фудбал Анчелоти: Алонсо може да го предводи Реал, но јас сакам да останам

Анчелоти: Алонсо може да го предводи Реал, но јас сакам да останам

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека ќе ја чека понудата за да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до последен можен момент. 

Анчелоти има договор до крајот на сезоната, а со клупата на Реал се поврзуваат неколку други тренери, меѓу кои е и Чаби Алонсо кој одлично го предводи Баер Леверкузен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За него зборуваше и Анчелоти, кој кажа само пофални зборови и смета дека би можел да го наследи во Мадрид.

„Не размислувам за својата иднина. Горд сум што во Бразил се зборува за мене. Ќе чекам до крај во Реал Мадрид. Што се однесува до Алонсо, тој беше одличен играч и има фантастична тренерска кариера. Може да го предводи Реал затоа што го познава клубот и има популарност“, вели Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе влезе во жесток разговор со четвртиот судија на мечот против Валенсија

Килијан Мбапе повторно го привлече вниманието на фудбалската јавност, откако на натпреваро…