Реал Мадрид утревечер ќе го пречека Милан на „Сантијаго Бернабеу“ во четвртото коло на Лигата на шампионите.
За Анчелоти кој го водеше Милан од 2001 до 2009 година на 420 натпревари и со него освои осум трофеи ова ќе биде посебен меч.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Утрешниот натпревар ми е посебен, но ќе се обидам да зборувам што е можно помалку. Мина една недела од трагедијата. Тажни сме, многу сме блиску до погодените градови. Зборувањето за фудбал е компликувано во овој момент. Од почит кон сите, ќе се обидам ова да го направам едноставно, не ми се зборува за фудбал“, изјави Анчелоти.
„Кога луѓето не се добри, не треба да има забава. Фудбалот мораше да престане, бидејќи тој е една од помалку важните работи во животот“, додаде Анчелоти.