Дома Останати Кошарка Антиќ по поразот: Сите мораме да „гинеме“ за овој клуб!

Антиќ по поразот: Сите мораме да „гинеме“ за овој клуб!

Македонскиот интернационалец од редовите на Црвена Звезда имаше јасна порака.

Антиќ е најстариот и најискусен кошаркар на Звезда, но тој беше лут на себе бидејќи ја остави екипата на „цедило“ со неговото исклучување.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Не успеавме да го спроведеме на паркетот она што го трениравме. Треба секој член на овој клуб да игра со помислата дека ова е Звезда и дека секој мора да даде се од себе кога е на паркетот, почнувајќи од мене, па се до најмладиот. Секој мора да „гине“ на паркетот“, јасен беше Антиќ.

Тој истакна дека работите мораат да се поправат и за тоа треба да се дава максимум и на тренинзите.

„Ако играме вака, довидување…Сега мораме назад во салата, мора да се знае секој што треба да прави, кога да додадете, кога да шутнете и да се исполнуваат задачите кои ги дава тренерот“, нагласи Антиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ќе биде тренер на Денвер од следната сезона?

Тренерот на кошаркарите на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, изјави дека не е сигурен дали ќе…