Дома Останати Кошарка Антиќ: Како што се оди во во кафана за народна музика, така се „гине“ пред „делиите“!

Антиќ: Како што се оди во во кафана за народна музика, така се „гине“ пред „делиите“!

По победата на Црвена Звезда над Барселона, македонскиот кошаркар Перо Антиќ најмногу зборуваше за соиграчот Матијас Лесор.

Антиќ смета дека Звезда покажала вистинска реакција после двата порази во низа и дека било вистинско уживање да се игра пред полна сала.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Знаевме дека ќе биде многу тешко, бидејќи имавме два порази во низа, но добро реагиравме“, истакна Антиќ кој потоа зборуваше за фантастичните „делии“.

„Како што во кафана се оди поради слушање народна музика, така на теренот се гине кога ќе излезете пред „делиите“. Чуството кога ќе ја слушнеш нивната песна е фантастично. Секако, кафаната не може да се спореди со навивачите. Сите знаете колку ги сакам и колку уживам играјќи пред нив“, изјави македонскиот кошаркар.

Антиќ потоа го пофали и 22 годишниот Французин, Лесор кој постигна 13 поени против Барселона, а имаше и неколку атрактивни „забивања“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ќе биде тренер на Денвер од следната сезона?

Тренерот на кошаркарите на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, изјави дека не е сигурен дали ќе…