Дома Фудбал Англија „Анри го гаси телевизорот кога ќе види дека Џака го предводи Арсенал“

„Анри го гаси телевизорот кога ќе види дека Џака го предводи Арсенал“

Tиери Анри за многумина е најдобриот играч кој некогаш заигра за Арсенал, денешниот Арсенал е далеку од оној за кој Французинот играше.

Арсенал вчера изгуби од Брајтон 0:1, а во анализата после натпреварот Евра раскажа дека Анри кога ќе види еден играч на Арсенал го гаси телевизорот, посебно кога тој е капитен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Станува збор за Гранит Џака кој во минатото имаше многу контроверзии, додека вчера заработи црвен картон затоа што на еден метар од главниот судија го давеше играчот на Барнли, Ешли Вествуд.

„Ќе ви раскажам нешто. Анри ме повика кај него еден ден да гледаме натпревар на Арсенал. Го вклучи телевизорот, првата сцена која ја виде на екранот беше како Џака го предводи тимот како капитен. Веднаш го изгаси телевизорот“.

„Го прашав во што е работата. Ми одговори: Не можам да го гледам мојот тим со Џака како капитен“, раскажа Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Награда за врвните настапи: Арсенал „почести“ една од ѕвездите со нов договор

Голманот на Арсенал, Давид Раја, потпиша нов подобрен договор со овој фудбалски клуб, прен…