Tиери Анри и Паоло Малдини се две големи имиња во светскиот фудбал кои испишуваа историја. Анри беше страв и трепет за сите дефанзивци, додека Малдини беше од спортивната страна.
Легендата на Милан ќе остане запаметен како еден од најдобрите одбранбени играчи во историјата на фудбалот, а сега тој и Анри си разменија неколку зборови пред натпреварот помеѓу Милан и Интер во Лигата на шампионите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Анри во разговорот му призна дека некогаш се плашел од него.
„Тоа шт осега ќе кога кажам, немав можност никогаш претходно да го кажам. Игравме еден против друг во 1998 година, нема да зборувам за натпреварот затоа што тоа не е важно. Кога сфатив дека ќе играм на десната се уплашиув поради тоа што го претставуваше. Одбранбен играч како тебе е поим за тоа што треба да има еден дефанзивец. Само сакав да кажам дека ме плашеше“, раскажа Анри по што следуваше одговор од Малдини:
„Ти благодарам. И јас не бев среќен кога видов дека ти играш на мојата страна, двајцата бевме исплашени“.
The @acmilan Legend Paolo Maldini joins us! #ACMINT #ChampionsLeague
— Jamie Carragher (@Carra23) May 10, 2023
pic.twitter.com/cTmPHbLWOi