Дома Фудбал Англија Тиери Анри го пофали Фоден и го „пецна“ Халанд

Тиери Анри го пофали Фоден и го „пецна“ Халанд

По ремито на Манчестер Сити со Реал во Мадрид, Фил Фоден е фудбалерот кој добива пофалби, додека се критикува Ерлинг Халанд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Претходно Рафаел Ван Дер Варт се огласи тврдејќи дека Халанд го нема никаде во најважните натпревари (ТУКА). Сега Тиери Анри се надоврза на него објаснувајќи дека Фоден мора се сам да прави во нападот во тие натпревари.

„Што повеќе може да се каже за Фил Фоден оваа сезона, кога недостасува Ерлинг Халанд или кога е повреден Де Брујн, тој го носи тимот на својот грб. Сега е јасно дека зборуваме за играч од светска класа бидејќи тој е подготвен да го носи целиот тим сам во најважните натпревари“, изјави Анри.

Не треба да заборавиме дека Фоден ја игра сезоната во кариерата, досега на 45 натпревари постигна 22 гола и додаде 10 асистенции, а има само 23 години и пред него ако продолжи вака е фантастична кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…