Напаѓачот на Милан, кој моментално е на позајмица во Севиља, Андре Силва од следната сезона би можел да игра во Премиер лигата, пренесува „Калчомеркато“.
Силва минатото лето дојде во Севиља на позајмица со можност за откуп од 35 милиони евра. Португалецот одлично ја отвори сезоната, но во последно време има пад во формата, па клубот од Андалузија одлучи да не го откуп на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е дека за него нема место во Милан покрај Пјонтек и Кутроне, па „росонерите“ ќе се обидат да ја вратат вложената инвестиција и да го продадат ова лето.
Според пишувањето на италијанските медиуми неговиот агент Жорге Мендеш веќе пронашол нов клуб за Португалецот, а станува збор за Вулверхемптон.
„Волците“ сакаат да ја зголемат „португалската колонија“ и познато е дека имаат одлични односи со Мендеш, па ќе ја искористат таквата ситуација да го донесат Силва во своите редови.
Милан за неговата слобода бара 35 милиони евра, сума која англискиот клуб наводно е спремен да ја плати.
За Силва интерес покажуваат и француските клубови Монако и Марсеј, но во моментов Вулверхемптон е во пол-позиција за неговиот потпис.