Дома Фудбал Останато Андреа Страмачиони нов тренер на Астон Вила?

Андреа Страмачиони нов тренер на Астон Вила?

Астон Вила не успеа да се пласира во Премиер лигата откако беше поразена во плеј-оф финалето од Фулам, а изгледа во новата сезона ќе влезат и со нов тренер.

Како што пренесува „Калчомеркато“, Андреа Страмачиони е многу блиску до клупата на Астон Вила!

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Тимот од Бирмингем кој далечната 1982 година се искачи на тронот на Европа и наредната сезона ќе се натпреварува во Чемпиошип. Наводно после поразот од Фулам во клубот сакаат нова енергија, а судејќи според се изборот паднал на 47 годишниот Италијанец.

Страмачиони тренерската кариера ја започна во Интер, потоа продолжи во Удинезе, па два ангажмани надвор од Италија – во Панатинаикос и Спарта Прага.

Иако минатата година не се прослави во Европа, како ниту во шампионатот на Чешка се најде на радарот на Англичаните. Како еден од неговите главни адути, освен тренерскиот квалитет за ангажман во Вила се наведува неговиот одличен англиски јазик, со оглед на тоа што една година престојуваше во Лос Анџелес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Салах беше избрна за најдобар во Англија и постави нов рекорд во 21. век!

Мохамед Салах, фудбалерот на Ливерпул, е прогласен за играч на годината од фудбалските нов…