Maлата и отпишана фудбалска нација ретко победува кога ќе го направи тоа слави како освоиле Европско првенство.
Андора на својот стадион беше атсајдер како и вообичаено против Молдавија, но оваа селекција успеа да победи со резултат 1:0.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Голот на одлука го постигна Велеш во 63-тата минута .
На Андора оваа победа не и значи многу затоа што секако нема да се пласираат на Европското првенство, но играчите на малата земја славеа како да освоиле некое големо натпреварувања.
За Андора ова беше прва победа во квалификациите за ЕП и само трета во официјалните натпревари од кога им е формирана репрезентацијата, во 1996 година.
Претходно една од двете победи Андора ја оствари против нас во квалификациите за СП на 13-ти октомври 2004 година и против Унгарија исто така во квалификации за СП во 2018 година. Сите победи на Андора и се остварени со по 1:0.